Гласовите на поп ѕвездите одекнаа за ставање крај на насилството врз жени и девојчиња

Точка

07/12/2021

18:06

2.011

Големина на фонт

а а а

Во рамки на кампањата 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња, македонските поп ѕвезди лансираа песна која ги обединува нашите гласови за ставање крај на насилството.

Секоја втора жена во земјава се има соочено со психолошко насилство од партнерот, секоја трета била жртва на сексуално вознемирување додека 14 отсто од жените се соочиле со физичко или сексуално насилство, покажува последното истражување за насилство врз жени, предводено од ОБСЕ. Последица на пандемијата е и порастот на случаите на домашно насилство каде најголем број од жртвите се жени.

„Не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!“ е годинешното мото со кое Северна Македонија се приклучува на глобалната кампања „Обој го светот во портокалово за крај на насилството врз жени и девојчиња, сега!“.

Во рамки на кампањата, одекнуваат моќно гласовите на македонските поп ѕвезди Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Антониа Гиговска, Светлана Јованова, Џон Илија Апелгрин, Лука Ѓоргиевски (Фанк Шуи) и Бранко Николов (Фолтин) во песната „Очи црни“ во аранжман на Џијан Емин и препев на Диме Поповски и Васиа Поповска, со која тие сакаат да ги поканат сите мажи и жени да излезат и да пеат, да бараат, да кажат јасно, да кажат гласно – не молчи, не трај, СТАВИ КРАЈ!


Семејството на Обединетите нации, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ традиционално ги здружуваат силите за 16 дена активизам против родово-базирано насилство, кампања која има за цел ставање крај на насилството врз жени и девојчиња и трае од 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жени и девојчиња па се’ до 10 декември – Меѓународниот ден на човекови права.

На централниот настан во кампањата кој се одржа на 2 декември во Филхармонија, ЕУ Амбасадорот Дејвид Гир истакна дека Северна Македонија како потписник на Истанбулската конвенција е посветена на постигнување на родовата еднаквост, преку унапредување на правата на жените и превенирајќи ги сите форми на родово насилство. Овој јануари земјата постигна важен прогрес, со усвојувањето на Законот за заштита од насилство врз жените – рече тој, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да биде поддршка во борбата на Северна Македонија кон родовата еднаквост. На настанот, Росана Дуџак, постојаниот координатор на ОН во Северна Македонија, посочи дека триесет години по основањето на иницијативата за „16 дена против насилство“, време е свеста да ја трансформираме во акција, како и дека „насилството врз жените и девојчињата не е неизбежно. Може да се сопре! Мора да се сопре!“


Не молчете, преземете акција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг