Ова само ВАР може да го види: На натпреварот меѓу Евертон и Арсенал е досуден најмалиот офсајд во фудбалот

Точка

07/12/2021

13:46

3.865

Големина на фонт

а а а

На Евертон му биле поништени два гола поради офсајд, а при едниот стапалото на Ричарлисон буквално било неколку милиметри во недозволена позиција.

Вчерашниот ден ќе остане запаметен во фудбалската историја по најмалиот офсајд на светот.

ВАР технологијата ги намачила играчите и навивачите на Евертон против Арсенал.

Два пати на "карамелите" им бил поништен гол поради ВАР асистенција, а два пати "жртва" бил бразилскиот фудбалер Ричарлисон.

А во една од тие две ситуации, му бил поништен гол бидејќи неговото стапало буквално било неколку милиметри поблиску до голот на Арсенал од стапалото на штоперот на "топџиите" Габриел.