Француски "Figaro": "Ако не го сакате Лавров, ќе го слушате Шојгу"

Точка

07/12/2021

19:59

5.486

Големина на фонт

а а а

Опасноста од "инвазијата" на Русија на Украина е преувеличена, Москва и Вашингтон имаат можности да се договорат за главните проблеми иако токму Белата куќа го провоцира Кремљ на возвратни акции на границата, пишува париски "Figaro".

Во статијата експертот за прашања од европската геополитика, Флоран Парамантје истакнува дека активностите на Русија на границата со Украина се последица од честите провокации кои доаѓаат од Западот, посебно од САД.

"Русија се обидува да изреагира на два или три неодамнешни воени настани: појавата на турските беспилотни летала, засилувањето на военото присуство на НАТО во Црното море и минувањето на американските бомбардери на 20 километри од Русија. Пред неколку недели Владимир Путин побара пишани гаранции за безбедноста на Русија", навел експертот, додавајќи дека Москва во секој случај евентуалното пристапување на Украина кон НАТО го смета за неприфатливо.


Парамантје изнел мислење и за комуникацијата на двете земји по повод Украина. Тој смета двете земји имаат шанса да ги нормализираат односите бидејќи нивните сили се прилично рамноправни, но дека неделикатност на било која од страните може да доведе до потешки последици.

"Во таа криза Москва има одредена позиција и му порачува на Вашингтон: 'Ако не сакате да комуницирате со Сергеј Лавров, ништо страшно. Но, тогаш ќе мора да го слушате рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу'. А тоа кажува многу", навел францускиот експерт.


Тој додал и дека Кремљ сака да разговара само со Белата куќа.

"Русија не сака да дискутира за мир со украинското раководство, туку само со САД. Русија смета дека нема никаква смисла да преговара со Европа, па дури и со НАТО, бидејќи тие во секој случај ќе се обратат во САД за одобрение пред донесувањето на било каква одлука. Русија сака да разговара само со главниот", заклучил тој.


Потсетуваме, Киев и западните земји, на чело со САД, во последно време ја обвинуваат Русија дека концентрира сили на границата со Украина и дека подготвува инвазија на таа земја.

Руските службеници неколку пати истакнале дека Москва ги преместува силите на својата територија, но дека не претставува закана за никого, а дека НАТО, под изговор на наводна опасност од руска инвазија на Украина, ги поместува своите сили на исток кон руските граници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг