Фото: Пронајдена лабораторија за производство на марихуана во викендичка во Катланово, МВР со детали

Макфакс

06/12/2021

20:51

4.079

Големина на фонт

а а а

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово.

„Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во с. Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабораторија за производство на марихуана, околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана“ соопшти МВР.


Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.




Спонзорирани линкови

Маркетинг