Halloween специјал со Марија Лазарова: „Доаѓаат моменти кога сакам да извадам некоја приказна на површина - тоа се случува со Halloween look“

Точка

31/10/2021

23:31

4.527

Големина на фонт

а а а

Денеска ви носиме едно поинакво видео интервју, разговор кој барем за момент ќе ве внесе во светот на мејкап артистите.

Пишува: Цеце Николова
Видео и монтажа: Ненад Смиљковиќ

Веројатно веќе знаете дека денеска е „Ноќ на вештерките“, па токму затоа, направивме Halloween специјал во салонот за убавина „Тренд Ас“.

За некого ова е сосема непотребен празник, помалку или воопшто неважен за нашата нација - но, за мејкап артистите Halloween е само причина повеќе слободно да си ја изразат својата креативност, имагинација, преточена во несекојдневна шминка.

Марија Лазарова е самоук шминкер, вели дека нејзината мејкап приказна започнала во нејзината соба, со Јутјуб туторијали - пред да стане она што е денес. Истата се развива во импресивно добра насока, но, деталите сами ќе ги откриете во видеото.

Покрај тоа што позади себе има безброј успешни, прекрасни мејкап изгледи, Лазарова се истакнува од останатите колеги по својата уникатност и специфичност. На секоја шминка на која таа работи, остава личен печат по кој лесно ќе препознаете 'кој го шминкал моделот'.

На нејзиниот Инстаграм профил следбениците може да ја видат нејзината посветеност во она што го работи, а вложениот труд резултира со воодушевена публика која секогаш е 'гладна' за нова објава, во која Марија направила неверојатна мејкап трансформација.

За овој Halloween специјал, на Лазарова модел ѝ беше Марта Младеновска, или, како што вели и самата Марија: „Во јавноста попозната како девојката на Лазаров“.

На крајот од шминкањето, откако артистката целосно го транформираше моделот, само си го поставивме прашањето дали кај нас постојат места на кои без проблем можеш да се појавиш во издание какво што ти сакаш - или мора да се почека 1-ви април или Halloween...

Целиот процес на шминкање, проследен со неверојатно инспиративен и многу искрен разговор со Марија Лазарова - проследете го во видеото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk