Кери Бредшо има нов фустан за кој сите зборуваат

Fashionel.mk

19/10/2021

15:57

6.524

Големина на фонт

а а а

Признаваме, со нетрпение го чекаме декември за да видиме како ќе изгледа продолжението на „Сексот и градот“, а љубопитноста ни ја подгреваат фотографиите од сетовите од кои може да се рече дека серијата макар модно нема да потфрли.

Меѓу последните објавени фотографии од сетот на снимањето е онаа на која Сара Џесика Паркер, односно Кери Бредшо носи асиметричен коктел фустан во комбинација со блејзер.


Проверена модна формула, на која стилистите на серијата само не потсетија колку добро умее да изгледа, секако ако и вие умеете да го носите тоа. Кери Бредшо дефинитивно знае како!


Бојата, текстурата, дискретната шара на блејзерот, во некоја сребрено-сина нијанса, како и копчињата се она што го прави ова парче фантастично. Интересно е што оригиналот е всушност винтиџ блејзер на „Макс Мара“ кој за потребите на снимањето бил збогатен со посочените детали.

А наборите на синиот асиметричен фустан уште повеќе го нагласија телото на актерката која изгледа навистина отмено и дамски. Инаку, креацијата е на дизајнерката Норма Камали и побарувачката за истата скокнала повеќекратно!


Високи потпетици со ременчиња, како и чанта со животински дезен - овој изглед дефинитивно може да биде инспирација за дами од различни возрасти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг