Тесла мора да му плати повеќе од 130 милиони долари на поранешен работник кој бил изложен на расно малтретирање

Точка

05/10/2021

12:00

39.346

Големина на фонт

а а а

Американскиот сојузен судија ѝ нареди на компанијата Тесла Инк да плати повеќе до 130 милиони долари отштета на поранешен вработен - црнец, откако било откриено дека бил изложен на расно непријателска средина, известува Вол Стрит Џурнал.

Судијата рекол дека компанијата не презела разумни чекори кон Овен Диаз, работник со договор кој бил вработен како оператор на лифтовите во фабриката Тесла Фермонт во 2015 и 2016 година, да не биде расно злоставуван.

Во пораката за вработените која Тесла ја објави на својата веб страна, произведувачот на автомобили изјави дека судењето се спроведува врз основа на расни навреди кои се случили во погонот на фабриката и расистичките графити во тоалетите.

"И додека силно веруваме дека овие факти не ја оправдуваат казната која ја изрече поротата во Сан Франциско, признаваме дека 2015 и 2016 година не беа совршени години", рекле од Тесла.

Пред да започне судењето, судијата Вилијам Орик ги отфрли обидите на Тесла да исклучи еден од поротата велејќи дека верува дека тој обид бил расен и "намерно дискриминиран".

Од Тесла се обиделе да воведат промени после Диаз, вклучувајќи тимови посветени за истражување на вработените и сите да имаат еднакви можности во компанијата.

Минатата година, Тесла откри во својот прв извештај за расната разновидност дека 4% Афроамериканци се на водечки позиции во Тесла и 10% од нив се работници.



Спонзорирани линкови

Маркетинг