Влатко Лозаноски за Точка ТВ: „Кичево не би го сменил со ниедно место во светот“

Точка

29/06/2021

21:47

3.212

Големина на фонт

а а а

Влатко Лозаноски - Лозано е последниот гостин во јунските видео интервјуа на Точка ТВ.

На екран ви делува смирено, скромно и повлечено? Ние може да ви потврдиме дека во живо е најмалку 10 пати повеќе од тоа.

Културен, воспитан, многу внимателен, вистински скромен и крајно талентиран - таков е во моментов најпознатиот македонски пејач.

Влатко многу ретко се појавува во медиумите со свое интервју, па, позади камерите го прашавме која е причината.

„Ако имам нешто да кажам или најавам, би одел на интервју, но, ако немам, зошто постојано да ме гледа публиката? Што да ѝ кажам? Постојано истото да го повторувам?“, искрено вели пејачот, иако со сигурност му потврдивме дека публиката дефинитивно го обожава и сака да гледа и слуша негови интервјуа.

Лозаноски има интересна приказна за неговите почетоци, за Точка открива кој е првиот инструмент на кој свирел како дете.

Со својата работа и труд успеа да изгради бренд од своето име. Па, пред нашиот објектив ја откри тајната на успешна музичка кариера во Македонија.

Што попрво би подобрил на македонската музичка сцена ако имаше волшебно стапче, како реагира на негативните коментари, кој настап му е посебно драг, и многу повеќе одговори во видео интервјуто на Точка.

Новинар: Цеце Николова
Монтажа: Ненад Смиљковиќ


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk