Следниот голем чекор во истражувањето на вселената би требало да биде човекова мисија на Марс, а НАСА очекува тоа да се случи за нешто повеќе од 10 години.
Вселената е многу непријателско окружение за човекот, почнувајќи од недостигот на гравитација, преку штетното зрачење, до непостојаните измени на денот и ноќта. Па, се поставува прашањето...Какви последици ќе остави излетот на Марс на астронаутите?
Мисијата со човеков екипаж на Марс ќе биде физички и ментално многу потешка од досегашните патувања кои луѓето ги преземале во текот на последните 60 години.
Летот на Марс и назад би требало да трае 14 месеци, мисијата најмалку три години. Одржување на високо ниво на когнитивни способности и ефикасна тимска работа е предуслов за сигурен и успешен резултат на мисијата.
Телоп 6: Сепак, новото истражување на "Frontiers of Physiology" открива дека недостигот на гравитација може негативно да влијае на когнитивните способности и емоционалната интелигенција на астронаутот.
Повеќе на видеото на ТочкаТВ: