Точка ТВ: Симбол за храброст – како едно куче спасило цел град од пропаст

Точка

16/04/2021

15:59

8.264

Големина на фонт

а а а

Една хаска има свој споменик во Њујорк, кој го заслужила со еден неверојатен подвиг...

Во гратчето Ном на Алјаска, во 1925 година пораснал бројот на лица заболени од дифтерија, многу заразна инфекција која ги напаѓа носот и грлото. Околу 15.520 Американци починале само неколку години претходно од истата болест, а лекарите биле многу загрижени.

Постоел само еден лек кој се набавувал од градот Енкориџ, оддалечен 800 километри, а единствениот авион кој можел да го набави лекот замрзнал и моторот му откажал.

Градските службеници одлучиле да испратат тимови на санки кои ги влечеле хаски. Биле испратени 20-тина лица и околу 150 кучиња и биле поделени така што секој тим требало да го донесе лекот до одредена точка, каде би го презела друга екипа.

Последниот кој требало да го презеде лекот бил Гунар Касен, а за водич на кучињата го избрал Балто кое важело за недоволно истренирано куче.

Кучето ја докажало својата храброст и вредност борејќи се со бруталните временски прилики каде видливоста била рамна на нула. Касен не можел ни да ги види сопствените раце од виулицата и маглата, но Балто не се откажувал и успешно го водел чопорот околу 90 километри.

На 2 февруари стигнал во Ном, 5 и пол дена по почетокот на целата акција за набавување на лекот.

Во Централ Парк во Њујорк е подигнат споменик кој го претставува не само Балто, туку и сите кучиња кои учествувале во акцијата за набавување на лекот.

Балто угинал во 1933 година, а бил стар 14 години. Неговото тело е сочувано во музеј во Кливленд.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk