„Портал икс” вчера на својата страна на "Facebook" објави снимки на кои, како што тврди, се гледа движењето на возилата „Citroen“ и „Renault Kangoo“ со коишто беше киднапирана 14-годишната Вања. Од времето прикажано на снимкките може да се види дека на 27 ноември 2023 г. во 7:55 часот двете возила со кои е извршено грабнувањето и убиството на Вања поминуваат на улицата број еден во населбата Визбегово.