Сибирскиот Јакутск се смета за најстудениот град во светот, а вчера се разбудил на температура од неверојатни -58 степени Целзиусови. Иако ваквите минусни температури станаа сѐ поретки поради климатските промени, метеоролозите предупредуваат дека субјективното чувство на студенило во Јакутск е поголемо поради влажноста и ветерот.