Јокиќ имал „посебна“ подготовка за новата сезона: Ми кажа дека пиел по шест пива дневно во Србија

Тој е единствен. Кога ќе го гледате од ноќ во ноќ, тој е најдобриот играч што некогаш сум го видел. Лудо е што може да направи. Порано беше добар, но не беше толку заинтересиран. Растеше од година во година. Дури и по МВП сезона. Како е можно да се подобриш после МВП година? Годинава е уште подобар, а ние го освоивме прстенот. Разговарав со него и ми кажа дека во Србија пиел по шест пива дневно. Веројатно не ја ни допрел топката, истакна Мајкл Портер Џуниор.