НБА Топ 10: Страшно забивање на Адетокумбо, Букер ги „потопи“ Никси

Осумте средби во НБА лигата минаа во знакот на домашните екипи кои остварија дури шест победи, поточно честа на гостите ја спасија играчите на Феникс Санс и Минесота Тимбервулвс. Од овие дуели беа избрани најдобрите акции од кои ја имаме најновата топ листа на која во главна улога ги имаме Адетокумбо, Квикли, Ентони…а број еден е Букер со тројката за молк на „Медисон Сквер Гарден“.