Денот кога Дарко Панчев го даде првиот европски гол на „Градски“

Името на Дарко Панчев ќе остане засекогаш запишано како „Златна копачка“ и „Сребрена топка“ на Македонија. Фудбалерот на векот на денешен ден во 1985 година тргна на патот кон успехот, кога го постигна првиот европски гол во дресот на Вардар. Популарната „Кобра“ успеа да постигне погодок на мечот против шкотски Данди Јунајтед во рамки на тогашниот Куп на УЕФА (1-1). По елиминацијата на романски Динамо Букурешт, Вардар го дочека Данди во Скопје и одигра допадливо.