Еден од најубавите голови во кариерата на Ибрахимовиќ

Брилијантниот 41-годишен Швеѓанец со солзи се збогуваше со соиграчите и навивачите, кои во негова чест направија кореографија „Збогум“. Ретко виден талент, според многумина, никогаш целосно неискористен, го воодушевуваше светот во текот на неговата кариера со неверојатни потези и голови, но и со глупави и често непотребни изјави.