Живописна ревија на „Dolce & Gabbana“ на најубавата локација во Европа: На спектаклот присуствувале најпознатите жени од модниот свет

Во едно од најубавите гратчиња во Италија – Портофино, неодамна се одржа ревија на една од најсаканите модни куќи на светот. Имено, станува збор за брендот „Dolce & Gabbana“, кој својата најнова колекција ја претстави ни помалку ни повеќе туку среде главното шеталиште. Новата колекција е шарена, лесна и со елементи на морнарски стил како пруги, а на поединечни парчиња била насликана мапа на целиот овој брег, како и од самото гратче.