30 години од историскиот меч – Вардар стана првиот клуб што го освои фудбалскиот Куп во самостојна Македонија

На 23-ти мај 1993 година на Градскиот Стадион во Скопје се одигра првото финале на Купот на Македонија помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. За овој натпревар од фудбалската историја е запишано дека во битката за престижниот наслов, Вардар го совлада вечниот ривал, битолски Пелистер, а стрелец на единствениот погодок во самиот финиш беше Жанко, кој во Вардар дојде токму од Пелистер.