Полицајци при претрес кај криминалецот Сабљо јаделe сирење и чварки: „Кркај, Роки!“

Објавено е видео на кое загрепските полицајци кои дошле да ја претресат куќата на Томислав Сабљо седат на маса со него и ги пробуваат сирењето и чварките што им ги нуди. „Утврдено е дека видеото е направено во декември 2021 година, при претрес на домот на осомничениот како дел од кривична истрага и дека на видеото се осомничениот и полицаец кои учествуваат во претресот. Покрај него, уште двајца полициски службеници учествувале во претресот“