Таткото на Халанд влезе во конфликт со навивачите на Реал, мораше да реагира и обезбедувањето

Реал Мадрид и Манчестер Сити ремизираа (1-1) во првата полуфинална битка која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, меч на кој освен на теренот имаше возбудувања и на трибините каде беше таткото на Ерлинг Халанд-Алфи кој влезе во конфликт со домашните фанови. Се појави видео во кое се гледа како Алфи и неговите луѓе се во препирка со дел од навивачите на Реал, па во оваа ситуација мораше да реагира обезбедувањето.