Миа Костова и психолог Хаџиванова - на теми кои ги засегаат сите родители: „ТикТок е крајно зависничка социјална мрежа!“

Миа Костова на својот Јутјуб канал објави интервју со психологот, воедно и основач на „Неокортекс“ центар - Ивана Хаџиванова. Интервјуто е на тема која ги засега апсолутно сите родители на деца кои се, или влегуваат во фазата на тинејџери, адолесценти, кои растат во поинакво време на социјални мрежи, лесна достапност до психоактивни супстанци, тренд на изолациіа, булинг, себе-повредување, анксиозност и депресија. 70-минутен разговор за секој родител кој се справува или допрва ќе го очекува - можеби најтешкиот период од созревањето на секој човек.