Градилиште зад Универзалната проголта дел од улицата 9 Мај, инспекцијата третпат направи увид

Дел од улицата 9 Мај зад Универзалната сала во Скопје се одрони и пропадна во градилиште за нова зграда. Градежната инспекција од Општина Центар, вчера, откога се одронил дел од улицата, третпат направила увид на градилиштето.