Се обидела да ја отвори вратата од авионот на сред лет, рекла дека Исус ѝ рекол да го стори тоа

За патниците од Хјустон до Колумбус летот во саботата можел да стане смртоносен кога патничка се обидела да ја отвори страничната врата на авионот среде лет. Жената, идентификувана како Елом Агбегнину (34), се турнала пред стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата од авионот, но во тоа била спречена од храбар патник, додека пилотите го пренасочиле авионот, обидувајќи се да направат принудно слетување.