Како Гвардиола го уништи Јунајтед со неговата машина

Случувањата на манчестерското дерби меѓу Сити и Јунајтед се уште се во фокусот на вниманието, а причина за тоа е фантастичното издание на Ерлинг Халанд кој со три гола и две асистенции беше најголем „виновник“ за славјето на домаќините од 6-3. Има многу коментари, анализи и комплименти за Норвежанецот, но секако не мора се да биде сериозно, па „Бличер Рипорт“ на еден комичен начин со анимирана верзија покажа како Пеп Гвардиола со својата машина ја уништи онаа која ја раководеше Ерик Тен Хаг.