Критичарите ја фалат мрачната серија за адвокатот кој по семејна трагедија влегува во подземниот свет
Новата полска серија „Morfeusz“ пристигна на стриминг платформата „SkyShowtime“, која веќе доби пофалби од критичарите. Овој мрачен криминален трилер во седум напнати епизоди носи приказна за моралните дилеми и неизбежното семејно наследство и го продолжува успехот на претходните полски хитови како „Just One Look“ и „Royst“.








