Ги шокираше сите на „Стемфорд Бриџ“: Палмер промаши чист зицер за победа на Челси во 94. минута

Челси не успеа да ги освои трите посакувани бода во соочувањето со Лидс Јунајтед, меч на кој водеше со 2-0 и потоа дозволи противникот да се врати за шест минути (67 до 73) и дојде до 2-2 за голем бод во битката за опстанок во Премиер лигата. Ова дефинитивно е кикс на „сините“ кој можеше да биде избегнат, а на крајот трагичар беше Кол Палмер кој во судиското продолжение не реализираше чист зицер.