Топаловски за системот „Сејф Сити“: „Казната ќе се повлече ако возач брзал до болница, но не и ако завршил на кафенце“

„Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот. Ако човекот оди во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната да се повлече. Но, ќе биде казнет доколку завршил некаде на кафенце“, изјави Топаловски додавајќи дека системот е направен така што не може ниту една снимка да биде избришана.