Емотивниот Дончиќ: Мислев дека нема да можам да играм…

Дончиќ испорача 45 поени со 8 скока, 6 асистенции, 4 украдени топки, партија која дојде по солзите кои ги пушти при емотивното видео со кое клубот од Тексас му се заблагодари за се што направи за нив. -По тоа видео, си помислив нема шанси да го играм овој натпревар. Имаше многу емоции. Сите го чуваа мојот грб. Од тренерите до играчите, се обидуваме да изградиме нешто посебно овде. Беше навистина убаво да се види, -истакна ѕвездата на Лејкерс.