Драматична сцена од НБА лигата: Велс заби и доживеа тежок пад, играчите се молеа за него на теренот

Мемфис Гризлис немаше никакви проблеми и лесно го реши Шарлот Хорнетс со 124:100 на мечот кој рано утрово се одигра во НБА лигата, но ова беше дуел во кој гостите останаа без младиот играч Џејлен Велс. Се играше завршницата на првиот дел кога Велс тргна за забивање, ситуација при која Симпсон имаше непотребен контакт по што следуваше тежок пад на играчот на Гризлис.