Катастрофата за Јунајтед можеше да биде уште поболна, а се чини дека најголемата глупост во завршниот дел од мечот ја направи Доминик Собослаи, кој наместо да ја смести топката во гол, реши да прави потег повеќе. Играчот за врска реши да дрибла и ја искомплицира работата, па со своето претерување го налути и Џејми Карагер кој јавно го искритикува Унгарецот.