Благодарение на дождот што вчера во попладневните часови падна, пожарите се целосно изгаснати, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. „Пожарите сигурно ќе продолжат и понатаму, но барем засега ќе можеме да здивнеме. Почвата е делумно влажна, вегетацијата е навлажнета и тоа ни дава надеж и верба дека следниот период ќе биде мирен за нас, барем во наредните десетина дена“, изјави Ангелов.