Како Кејн ја доби трката за најдобар стрелец во Европа

Членот на Баерн Минхен, Хари Кејн беше најдобриот стрелец во Европа во натпреварувачката 2023/2024, поточно дојде до „Златната копачка“ откако успеа да постигне 36 гола во дресот на германскиот великан. Напаѓачот блескаше во својата прва сезона на „Алијанц Арена“, па иако истата не беше заокружена со тимски успех дефинитивно ќе се памети и ќе биде основа за уште поквалитетни партии.