„Шектин а фул“ големо финале: Најкомичните моменти на сезоната во НБА лигата

Пред нас е уште само големото финале во НБА лигата во кое силите ќе ги одмерат Бостон Селтикс и Далас Маверикс, двете екипи кои беа најдобри на Истокот и Западот во актуелнава кампања. Додека се чека стартот на серијата, Шек и неговото друштво од „ТНТ“ го претставија последниот „Шектин а фул“, поточно четирите најкомични моменти во кампањата кои донесоа голема насмевка кај нив како и кај сите љубители на кошарката.