Евролига Топ 10: Хауард асистира, Костело атрактивно реализира за ерупција на навивачите на Басконија

Со натпреварите Панатинаикос-Макаби Тел Авив и Реал Мадрид-Басконија започнува плејоф фазата во кошаркарската Евролига. Мечевите се на програмата од 19:30 и 21:00 часот што значи не очекува вистиско уживање, но во пресрет на истите ги имаме најдобрите мајстории од плејин фазата. Десет потези стандардно беа избрани, листа која ја предводи дуото на Басконија, Хауард-Костело кое изведе одлична акција крунисана со супер забивање.