Боки 13: Рекет не е расчистен, јавноста конечно треба да дознае што точно се случувало и каде се парите - Заев беше човекот кој комуницираше директно со сите

Бојан Јовановски денеска во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“ во кој како првообвинет беше осуден на казна затвор од девет години. Оваа одредба, како што појасни тој, ја користи врз основа на прибавување на нови докази.