Со еден мал трик лава колачот секој пат ќе излезе совршено

Лава колач или лава кејк е десерт кој предизвикува радост кога се јаде, но многумина не се осмелуваат да го направат бидејќи не се сигурни како ќе им излезе. За лава колачот да не ви остане во калапот наместо да се дружи со малку сладолед и шлаг на чинија, користете силиконски калапи за печење. Оригинално се наменети за мафини, но можат да се користат за било што.