Со пежо удрил во бетонска ограда: Тешко повреден скопјанец и негова сопатничка

Макфакс

25/11/2026

13:10

97

Големина на фонт

а а а

Во раните утрински часови на улицата Козле во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која возило пежо удрило во бетонска ограда, при што возачот и неговата сопатничка се тешко повредени и однесени во Ургентен центар во Скопје.

Утрово во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје, патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.Б. од Скопје,  удрило во бетонска ограда.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата 24-годишна сопатничка М.Ц. од Скопје, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.