Делови од општините Центар, Ѓорче Петров и Илинден денеска без струја

Макфакс

25/11/2026

07:16

92

Големина на фонт

а а а

Според известување од ЕВН Македонија АД, дел од корисниците во општините Центар, Ѓорче Петров и Илинден денеска ќе останат без електрична енергија во определени временски интервали поради планирани прекини.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата 1 во населба Јака Марино, општина Илинден;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од улицата Ванчо Мицков., општина Ѓорче Петров;

– во периодот од 09.30 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радњанска бр. 6., општина Центар.