Ѓорѓиевски: Момин Поток – наследивме заглавен проект, а денес сме речиси пред крајот

Макфакс

25/11/2026

07:16

129

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека проектот за изградба на клучката Момин Поток, кој долго време беше заглавен поради експропријации, сега е во завршна фаза со изградба на мостови и асфалтирање на коловозот, што ќе донесе клучна сообраќајна врска за жителите на Скопје.

Веднаш штом ја презедов одговорноста за Скопје, ги завршивме експропријациите што ја кочеа изградбата на ключката „Момин Поток“. Оттогаш работиме со едно темпо и со една цел за скопјани конечно да ја добијат оваа клучна сообраќајна врска, извести градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„На мостот што го изградивме веќе поставуваме асфалт, а го градиме и последниот од петте моста. Едната коловозна лента е веќе асфалтирана. Следуваат асфалтирањето на другата лента, завршниот слој асфалт и изградбата на уште еден кружен тек“, додаде градоначалникот.