Без вода дел од општина Центар

Макфакс

25/11/2026

07:13

114

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација информира дека дел од корисниците во општина Центар ќе останат без вода поради дефект на улицата Партениј Зографски, а водоснабдувањето ќе биде прекинато се додека не се отстрани проблемот.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф – 80 мм на улицата Партениј Зографски бр. 85, без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Партениј Зографски, Ацо Караманов и Периша Савелиќ, Општина Центар.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.