ТАВ Аеродроми по третпат ја реализира зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“

Макфакс

24/11/2026

13:00

97

Големина на фонт

а а а

ТАВ Македонија по третпат ја реализира зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“, со која се зголемуваат зелените површини и се унапредува животната средина во општина Илинден, со засадување дрва и подигање на свеста за заштита на природата.

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на АДП групацијата, по третпат ја спроведува својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ преку која активно придонесува за зголемување на зелените површини и унапредување на животната средина во општината каде што се наоѓа Меѓународниот Аеродром Скопје.

Во рамки на овогодишната акција, вработените на Меѓународниот Аеродром Скопје, предводени од генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и со претставници на Општината, засадија 30 црвени сливи во Дељадровци, Општина Илинден, во паркот кој денеска со овој чин и официјално беше пуштен во употреба.

Со засадувањето на новите дрвја, ова населено место добива дополнително зеленило, кое во годините што доаѓаат ќе придонесува за почист< > воздух, побогата природна средина и поквалитетни услови за живот на локалното население.

„Особено ми е драго што нашата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ продолжува и оваа година, потврдувајќи дека грижата за животната средина е долгорочна определба на ТАВ Македонија. Ваквите акции имаат посебна вредност кога зад нив стои заеднички ангажман, затоа сакам да им се заблагодарам на сите наши колеги од скопскиот аеродром кои волонтираа, како и на градоначалникот и вработените во Општина Илинден за поддршката и партнерството. Верувам дека грижата за животната средина се покажува преку дела, а ваквите заеднички иницијативи се можност да придонесеме за промени што ќе имаат вредност и во годините што доаѓаат. Вистинската вредност на овој чин ќе се почувствува и ќе се цени уште долги години служејќи како траен подарок за идните генерации“, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Преку ваквите иницијативи се цели кон создавање почиста, позелена и поздрава општина, но и кон подигнување на свеста кај населението за значењето на заштитата на природата. Изразувам благодарност до сите општествено одговорни компании кои донираа садници за поддршката и придонесот во реализацијата на еколошката акција, истакнувајќи дека соработката меѓу локалната самоуправа, приватниот сектор и граѓаните е од особено значење за создавање подобри услови за живот. Со заеднички ангажман и континуирани активности, Општината останува посветена на обезбедување на почиста и позелена животна средина за сегашните и идните генерации, рече Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден.

Со реализацијата на оваа иницијатива трета година по ред, ТАВ Македонија ја потврдува својата посветеност кон одржливото работење и градењето долгорочни партнерства со локалните заедници. Преку конкретни еколошки активности, компанијата вложува во почиста и позелена животна средина денес, со цел да остави поздрава и поодржлива околина за идните генерации.