Александар Шапиќ останува градоначалник на Белград по гласањето за негова смена

Точка

23/11/2026

18:10

151

Големина на фонт

а а а

Предлогот на движењето „Тргни-промени“ не доби доволно гласови во градското собрание. Советниците од владејачкото мнозинство не учествуваа во тајното гласање.

Александар Шапиќ останува градоначалник на Белград откако градското собрание во понеделникот не го усвои предлогот за негово разрешување, пренесе Н1.

Александар Шапиќ (архивска фотографија)

Александар Шапиќ (архивска фотографија). Фото: Српска напредна партија / CC BY-SA 3.0

За смена гласаа 34 советници, а еден беше против. Советниците од владејачкото мнозинство, кое го сочинуваат Српската напредна партија и Социјалистичката партија на Србија, не учествуваа во гласањето. На дневниот ред на седницата беше и ребалансот на градскиот буџет.

Насловна фотографија: Philozei / CC BY-SA 4.0