По неколку месеци врска со Луис Хамилтон, Ким Кардашијан проговори колку е среќна и исполнета откако го пронашла.
Луис Хамилтон од неодамна е момче на познатата ријалити ѕвезда и претприемачка Ким Кардашијан, а поради тоа се споменува сè почесто во ријалити шоуто „Кардашијан“. Во новата епизода, објавена во четвртокот, Ким направи неколку индиректни алузии за возачот на Формула 1, со кого е во врска од февруари.

Двојката ја потврди својата врска на Инстаграм во април, а Ким го поддржа на Гран При на Сингапур претходно овој месец. Во разговор со продуцентите, таа откри дека е „многу, многу среќна“.
Што се крие зад бројот 44?
На почетокот на епизодата, Ким разговараше за своето потекло со нејзината мајка Крис Џенер и сестрата Клои и откри дека е 44 проценти Британка. За време на разговорот со продуцентите, еден од продуцентите забележал дека е интересно што овој процент се совпаѓа со бројот 44, под кој Хамилтон се натпреварува во Формула 1.
„Интересно е што сум точно 44 проценти Британка, ако знаете на што мислам“, рекла Ким, нагласувајќи го бројот.
Список од 55 карактеристики на идеален партнер
Подоцна во епизодата, 46-годишната Ким беше на снимањето на нејзиниот нов филм „Петтото тркало“, каде што повторно алудираше на Хамилтон, иако не го спомена по име. За време на разговорот, таа се сети на својот список на квалитети што ги бара кај партнерот. На него има речиси 55 работи, а Ким вели дека веќе е доста позната по тој список.
Нејзината колешка Ники Глејзер потоа почнала да составува свој список. Додека излегуваа од гардеробата и се упатуваа кон местото на снимање, Ким ѝ шепна на Ники дека има некој што „ги штиклирал речиси сите работи на нејзиниот список на желби“. Името на лицето беше отстрането од видеото.

Сепак, кон крајот на епизодата, Ким откри малку повеќе за својот љубовен живот. Во разговор со продуцентите, таа призна дека е „многу, многу среќна“, но веднаш додаде: „Тоа е сè што ќе кажам засега“.
„Да речеме само дека секоја работа на мојот список на желби“, продолжила таа.
„Не е ли тоа лудо? Секоја од тие желби. Сите педесет и пет. Чувството е неверојатно кога еден ден ќе ја погледнете таа листа и ќе сфатите: „Да! Да! Да!“ Навистина е неверојатно.“








