Пожар во стан во Скопје, 11-годишно дете пренесено во болница

Макфакс

30/09/2026

12:20

272

Големина на фонт

а а а

Во Скопје вчера изби пожар во стан на улицата Воденска, а едно 11-годишно девојче беше пренесено во болница поради вдишување на чад.

Единаесетгодишно девојче е пренесено во болница по пожар што настанал во стан во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Воденска“ во Скопје настанал пожар во стан.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.