17-годишник извршил обљуба врз 15-годишно девојче

Макфакс

30/09/2026

12:20

295

Големина на фонт

а а а

Во Скопје е уапсен 17-годишник поради обљуба врз 15-годишно девојче, при што малолетничката е демнета и барана да испраќа експлицитни материјали. Случајот е во процес на документрање и ќе следи соодветна пријава.

Обљуба во Скопје

Седумнаесетгодишник од Скопје извршил обљуба врз 15-годишно девојче.

Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје уапсија 17-годишник од Скопје, по претходна пријава од 40-годишна жена од Скопје, дека извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка од Скопје, а потоа ја демнел малолетничката и барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.