Македонската фудбалска репрезентација ја очекува нова битка во Лигата на нации и тоа соочување со Словенија закажано за утревечер од 20:45 часот на стадионот „Стожице“.
Ова е нова можност за избраниците на Гоце Седлоски да покажат друго лице од она против Швајцарија, но и од дуелите со Турција, Босна и Херцеговина, Ирска и Данска на кои не само што не победивме туку и не постигнавме погодок.
Обложувалниците одново не ставаат во улога на аутсајдери што може да е мотив плус за нашите фудбалери да се докажат и изненадат во Љубљана.








