69-годишно лице загина во пожар во куќа во Валандовско

Макфакс

22/09/2026

13:40

178

Големина на фонт

а а а

Во Валандовско вчера избувна пожар во куќа каде што при гасењето е пронајдено безживотно тело на 69-годишно лице. Полицијата и јавниот обвинител се вклучени во истрагата.

Вчера околу 17:55 часот во Полициска станица Валандово е пријавено дека настанал пожар во ќука во с.Пирава, валандовско.

Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Валандово, при што било констатирано дека при гасење на пожарот во една од собите е пронајдено безживотното тело на Е.О.(69) од тоа село.

Според полицијата, од екипа на Итна медицинска помош Валандово е констатирана смрт, а за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.