Секојдневното пазарување најчесто значи производи за повеќе различни потреби – нешто за појадок или ужина, производи за најмалите членови на семејството, но и додатоци во исхраната.
Токму затоа, во dm на едно место може да се пронајдат различни производи од dm марките babylove, dmBio и Mivolis, по секогаш поволни цени.
Од органска храна и практични овошни оброци, преку производи за секојдневната грижа за бебињата, до додатоци во исхраната - изборот овозможува во кошничката да се најдат производи за различни членови на семејството и различни моменти од денот.
За вкусна и практична ужина за најмалите, babylove овошното пире со јаболко, јагода и боровинка, 100 г, чини 45 денари. Наменето е за деца од една година и е произведено од 100% овошје од органско земјоделство. Во рецептурата се комбинираат слатки јаболка со ароматични јагоди и боровинки, без додадено млеко, млечни производи и ароми. Практичното пакување што може повторно да се затвори го прави едноставен избор за ужина меѓу оброците, но и кога семејството е во движење.

dmBio овошниот намаз од шумско овошје, 340 г, е достапен по цена од 179 денари, а е подготвен од внимателно одбрано шумско овошје од органско земјоделство. Се одликува со изразен овошен вкус и блага слаткост, а покрај класичната комбинација со леб, може да се додаде во јогурт и шејкови или да се користи за подготовка на десерти и колачи. Производот е вегански.

За оние кои бараат додаток во исхраната наменет за косата, Mivolis Hair Vital Complex + Biotin, 60 капсули, чини 159 денари. Формулата содржи биотин и L-цистин, а дополнета е со цинк, селен, бакар, витамини Б1, Б2, Б6 и Б12, ниацин, фолна и пантотенска киселина, како и прав од јачменова трева. Биотинот, селенот и цинкот придонесуваат за одржување на нормална коса, додека бакарот придонесува за одржување на нормалната пигментација на косата.

Уште еден додаток во исхраната од dm марката Mivolis е Omega-3 1000, 60 капсули, по цена од 229 денари. Капсулите содржат рибино масло богато со незаситени омега-3 масни киселини, особено EPA и DHA, а секоја капсула обезбедува најмалку 260 мг од овие масни киселини. EPA и DHA придонесуваат за нормална функција на срцето при дневен внес од 250 мг, додека витаминот Е во составот придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

А кога станува збор за секојдневната грижа за најмалите, babylove Premium пелените Maxi, големина 4, за деца од 8 до 14 кг, 42 парчиња, чинат 399 денари. Материјалите овозможуваат брзо распределување на течноста, а пелените обезбедуваат сувост до 12 часа. Воздушно-пропустливиот материјал придонесува за пријатно чувство на кожата и слобода на движење, додека формулата е без лосиони, парфеми и природен латекс.

Од овошно пире за 45 денари, преку органски намаз и додатоци во исхраната, до пелени за секојдневната грижа за бебињата – производите од dm марките покажуваат колку различни потреби можат да се најдат во една кошничка. А со секогаш поволните цени во dm, останува повеќе простор за она што му е потребно на целото семејство.
Комерцијален текст














