На Меѓународниот аеродром Скопје се случи тепачка по претходна расправија помеѓу двајца мажи од Тетово и Куманово, при што беше употребен тврд предмет. Случајот е пријавен во СВР Скопје и ќе биде понатамошно документиран.
На 20 септември во 19:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен аеродром Скопје, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Т. (20) од Тетово и Б.А. (42) од Куманово, при што бил употребен и тврда предмет.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








