Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд

Макфакс

21/09/2026

11:10

349

Големина на фонт

а а а

Американската администрација на претседателот Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд, кои би ограничиле финансиски трансакции и би го отежнале работата на судот, кој издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп подготвува санкции против Меѓународниот кривичен суд, објави „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски претставници и документи во кои весникот имал увид.

Според весникот, санкциите по преоден период од шест до седум месеци би забраниле речиси сите трансакции со судот.

Тоа би претставувало значително заострување на досегашниот притисок на Вашингтон врз судот, откако МКС издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Новите мерки потенцијално би можеле сериозно да го отежнат функционирањето на судот, бидејќи би му го ограничиле пристапот до трансакции во американски долари и до значителен дел од глобалниот финансиски систем, пишува „Волстрит журнал“.